Карачиќ и Дибиров: Заедно пак во Вардар!

Ракометарите Игор Карачиќ и Тимур Дибров заедно тренираа на кеј, а фотката на Инстаграм ја објави хрватскиот репрезентативец. И додека се подготвуваат за новата сезона, заедничката фотографија предизвика многу коментари за клупските другари:  „Ајде заедно пак во Вардар, еден живот, една љубов“ , коментираат на социјалните мрежи.

Веста која постојано кружи во ракометните друштва е дека Карачиќ, кој неодамна се вери со Душица Андоновска, ќе се врати пак во Вардар. Ова не е потврдено затоа што тој сè уште има договор со Келце.

Од друга страна, пак, Келце остана без главниот спонзор, а претседателот на клубот потврди дека нивниот главен спонзор „ВИВЕ“ се откажува од проектот, па се вели дека ваквиот развој на настаните може да значи и враќање на Карачиќ во Вардар.

Карачиќ е еден од најплатените ракометари на Кјелце, па доколку клубот има потешкотии да опстане и ги намали амбициите, тој би требало да биде еден од оние кои ќе заминат.

Како и да е, ракометарите се одржуваат во топ-форма на кејот на Вардар за време на пандемијата и освен тренизите на отворено, секојдневно вежбаат и дома.

Scroll to Top