Каратистката Камелија Недев е европски вицешампион во кати за деца

Каратистката Камелија Недев освои сребрен медал во категоријата кати за деца од 8 и 9 години на Европското првенство што се одржува во Катовице, Полска. Таа за само еден глас загуби во финалето од Наоми Роха од Израел.

На Европскиот куп учествуваат 28 земји со над 500 натпреварувачи.

Во сениорска конкуренција во традиционално карате ќе учествува и Дејан Недев.

Scroll to Top