Леброн Џејмс бара правда за убиството на неговата пријателка

НБА-ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, јавно побара од жителите во неговиот роден град Акрон да помогнат во пронаоѓањето на убиецот на неговата пријателка ,37-годишната Ерика Вимс. Станува збор за сестрата на Брендон Вимс, кој важи за голем пријател на Леброн.

Ерика била убиена минатиот викенд.Таа била пронајдена мртва во нејзината спална соба, а полицијата пренесе дека била застрелана во глава.

 

View this post on Instagram

 

What More You Want From US?!?!?! #Equality

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Откако било истражено местото на злосторот, потврдено е дека станува збор за убиство, поради што Леброн брзо се јавил за да помогне.

„Сестрата на мојот пријател е убиена во нејзиниот сопствен дом. Неговото семејство треба да одговори зошто е убиена и кој точно тоа го сторил. Затоа граѓани мои, ве замолувам заедно да откриеме кој ја направил оваа грозна и одвратна работа на таков ангел“, напишал Џејмс на „Твитер“.

 

View this post on Instagram

 

The Mecca!!! Love the Big 🍎!! 🙏🏾❤️👑

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Брендон во интервју за News 5 Cleveland изјавил дека многу му недостасува неговата сестра.

„Таа беше добра кон сите, сите ги сакаше. Го имаше најголемото срце. Ужасно ќе ми недостига“, изјавил Брендон.

Во акцијата за пронаоѓањето на правдата, покрај Леброн, се вклучија многу луѓе. Установата Crime Stoppers дури и понуди награда од 5.000 долари за какви било информации.

Scroll to Top