Ленс Армстронг го победи ракот и стана херој во целиот свет, а на крај сите дознаа за историската измама

Ленс Армстронг на крајот на дваесетиот и почетокот на 21. век, беше симбол за велосипедизам и еден од најголемите спортски херои, не само поради спортските резултати, туку и поради бајковитите приказни за човекот кој успеа да го победи ракот и да стане најдобриот спортист.

Целиот свет беше фасциниран од достигнувањето на амеиканскиот спортист, затоа што лекарите, само четири години претходно, процениле дека има исклучително мали шанси да го победи ракот.

Денес мислењата за славниот спортист се поделени. Едни го сметаат за спортска легенда, додека други за најголемиот измамник во историјата.

Факт е дека на крајот на 20 и на почетокот на 21. век, тој доминираше во велосипедските трки. На неговите достигнување се воодушевуваше целиот свет. Но, работите се променија кога беше откриена големата измама.

Сеуште беше активен спортист, кога луѓето почнаа да се сомневаат дека користи недозволиви средства, но медиумите и државата максимално го штителе. Дури откако ја заврши кариерата беше откриено дека користел допинг. На крајот и самиот призна.

Одземени му беа титулите и беше ставен на столбот на срамот. Ленс Армстронг беше прогласен за најголем измамник.

Неговата животна приказна е идеално сценарио за холиудски филм. Ленс е роден во 1971 година во Тексас. Од мал бил склон кон спортот. На 12 години тренирал пливање, а потоа почнал да спортува триатлон. Во тој спорт бил многу успешен. Освоил и национални првенства.

Сепак, на 21 годишна возраст го напушта триатлонот и преминува на велосипедизам. Неговата кариера брзо почнува по нагорна линија. Во 1995 година успеал да ја освои етапата на Тур и да заврши на 36. место. Наредната година повторно освојува неколку трки.

Стигнува и до второто место на прочуената „Париз-Ница“ трка. Го освоил шестото место на Олимписките игри и потпишува повеќемилионски договор со „Кофидис“.

Кога се мислело дека работите се одвиваат перфектно во неговиот живот, во октомври 1996 година, тој доживеал голем шок. Дознал дека боледува од рак на тестисите.

За време на прегледите му бил откриен ракот кој бил во напредна фаза. Докторите не му давале големи шанси да се извлече. Сепак Армстронг немал намера да се предаде.

По 12. месеци терапија, тој ја победил опасната болест и му се вратил на велосипедизмот. Подоцна се дознава дека Ленс во болницата им признал на лекарите дека болеста можеби ја добил поради допингот, затоа што го користел, сега веќе прочуениот ЕПО, како и тестостерон.

Станува збор за хормон за раст и кортизон, само за да ги подобри своите резултати на трките. Сепак, таа приказна е обелоденета многу години подоцна, а Армстронг непрекинато ја продолжил својата кариера.

Откако ја освоил „Тур Луксембург“ и „Каскаде класик“, а потоа завршил и четврт на Вуелта и на Светското првенство, во наредната 1999 година триумфирал и на „Тур де Франс“, а на 23. јули 2000 година и по втор пат победи на овој престижен турнир.

Армстронг освои и бронзен медал на Олимписките игри во Сиднеј, во возење на хронометар. Но, било јасно дека во неговата кариера главната цел била победа на Тур. Дури седум пати триумфирл на прочуената „Тур де Франс“.

Уште тогаш се шушкало за неговиот допинг, а на крајот на сезоната и беше потврдено дека Ленс ќе ја заврши кариерата и ќе замине во спортска пензија како една од најголемите спортски легенди во историјата. Барем, така требаше да биде.

Неколку години подоцна, откако замина во пензија, Ленс му се врати на велосипедизмот. Но, во тој период бележеше просечни резултати. Сепак, цело време беше во жижата на јавноста, поради гласните приказни за допинг.

Обвинувања стигнувале од сите страни. Неговиот поранешен колега Флојд Лендис тврдел дека до резултатите стигнал со измама, користејќи допинг, но дека имал поддршка од неколку моќни луѓе, кои постојано го штителе и создавале од него лажен херој.

Велосипедската федерација во 2012 година, официјално соопшти дека Армстронг се допинувал во текот на кариерата, поради што му беа одземени сите седум титули од „Тур де Франс“ и му беше забрането да се занимава со спорт.

Интересно е и тоа дека пред да биде казнет, во истрагата не бил откриен ниту еден доказ за едно од главните обвинувања на Армстронг, а кое гласело дека ги плаќал челниците на велосипедската федерација за да ги прикриваат неговите позитивни допинг тестови.

Со години негирал дека користел недозволиви средства, но во јануари 2013 година, решил да признае. Во емисијата на Опра Винфри изјавил дека користел допинг во текот на целата негова кариера.

„Целата моја кариера беше една голема лага. Признавам дека во текот на кариерата лажев во врска со допингот и дека таа лага ја повторував многу пати. Признавам дека погрешив и поради тоа јавно се извинувам. Земав средства кои ги подобруваат перформансите и не се плашев дека можат да ме фатат. Тогаш немав чувство дека мамам. Тоа беше дел од нашата работа и ми беше потребно исто како и воздух во гумите и вода во шишињата. Бев арогантен и ги напаѓав луѓето. Ако ми противречеа, ги напаѓав говорејќи им дека се лажговци. Морав да победам по секоја цена. Најтажно од сето тоа е што пред трката знаев дека ќе победам“, изјавил Армстронг во емисијата.

По емисијата, Ленс беше ставен на столбот на срамот. Медиумите пишуваа дека е најголемиот измаминк во историјата, фирмите му ги откажуваа спонзорствата.

Голем број велосипедски експерти и денес сметаат дека Ленс не победувал поради допингот, туку само ги унапредил тренинзите и дека е легенда во овој спорт. Тој секако најмногу допринесе во промоцијата на велосипедизмот, беше обожаван, а бројните награди ги донирал и во хуманитарни цели. Сите позитивни работи кои ги направил во кариерата, сепак не го намалуваат фактот дека користел допинг.

Scroll to Top