Македонските олимпијци денес заминуваат за Пекинг

Македонскиот олимписки комитет, вчера на прес конференција, ги претстави македонските спортисти кои ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг. Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада ќе се натпреваруваат во нордиско и алпско скијање.

Ана Цветановска ќе се натпреварува во крос кантри, во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично. Натпреварите во овие дисциплини ќе се одржат на 5 и 10 февруари.

Дардан Дехари ќе настапи во дисциплините слалом и велеслалом. Трките се закажани за 13 и 16 февруари.

Ставре Јада, во крос кантри ќе се натпреварува во дисциплините спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно. Неговите настапи се на 8 и 19 февруари.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Зимската Олимпијада во Пекинг ќе се одржи од 4 до 20 февруари.

Scroll to Top