Марко Вујин е ново засилување на Вардар

Српскиот десен бек Марко Вујин (35) потпиша едногодишен договор со Вардар. Со ова полека се комплетира тимот за следната сезона, а Вардар го најде решението за десната бековска позиција.

Српскиот репрезентативец во Вардар доаѓа од Спортинг Лисабон каде што играше само една сезона. Претходно, тој настапуаше за Веспрем и Кил.

Откако од Вардар си замина Самсоненко, новото раководство во клубот ги донесе Кантегрел, Гаџа, Векиќ, Талески, Георгиевски и Јагуриновски, а во тимот останаа и неколку клучни играчи меѓу кои Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Калараш и Борко Ристовски… Фановите се надеваат дека од следната сезона во Вардар ќе се врати и Игор Карачиќ.

Scroll to Top