Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Килијан Мбапе, стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, кој постигнал најмалку 20 погодоци.
Репрезентативецот на Франција 20. погодок во елитното натпреварување го постигна на мечот против турскиот претставник Истанбул и со тоа го престигна на оваа листа капитенот на Барселона, Лионел Меси.
Французинот до 20. гол во Лигата на шампионите стигна на 21 година и 355 дена, а Мести 20. погодок го даде на 22 години и 267 дена.