Звонимир Бобан повеќе не е спортски директор на Милан, објавија италијанските медиуми. Поранешниот фудбалер на „росоњерите“ досега седум месеци ја извршуваше функција.
Тој заминува од клубот поради лошата соработка со сопствениците. Медиумите пишуваа дека не е во најдобри односи со Иван Газидис кој е претставник на инвестицискиот фонд „Елиот“.
Бобан си го потпишал отказот со интервјуто дадено за „Газета дело Спорт“. Во тоа интервју тој ги остро ги критикувал сопствениците на клубот.
Покрај тоа од почетокот на сезоната постои недоразбирање помеѓу Бобан и Паоло Малдини од една и Газидис од друга страна во кој правец треба да се развива клубот.
„Ние сонуваме уште утре да направиме нешто. Но, „Елиот“ има поинаква визија и сака да гради тим околу млади таленти, како што тоа го прави Арсенал“, рекол неодамна Бобан.
На местото на Бобан се очекува да дојде Германецот Ралф Рангник.