На фински крос-кантри скијач му замрзна пенисот на олимписката трка на 50 километри

Финскиот крос-кантри скијач Реми Линдхолм откри дека му замрзнал пенисот на трката во крос-кантри скијање на 50 километри на Олимпијадата во Пекинг. Поради лошите временски услови и силниот ветер, трката беше скратена на 30 километри. Линдхолм за еден час и 15 минути ја мина патеката, но поради многу силниот и студен ветер, неговиот пенис замрзна.

„Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив. Ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил. Беше гола борба само да се помине“, изјави тој за финските медиуми.

Ова е вторпат на Линдхолм да му замрзне пенисот, откако лани имаше сличен инцидент во Рука, Финска.

Линдхолм потоа кажа дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.

„Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива“, рекол тој.

Scroll to Top