Надал се израмни со Федерер по победата против Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Рафаел Надал  ја освои рекордната 13. титула на Ролан Гарос на затворениот терен во Париз, со победата над Новак Ѓоковиќ во финалето со 6:0, 6:2, 7:5. Со денешниот трофеј, шпанскиот тенисер се израмни со Швајцарецот Роџер Федерер и сега двајцата имаат по 20 гренд слем титули. Српскиот тенисер Ѓоковиќ има 17.

Победата на Надал над Ѓоковиќ во нивното деветто гренд слем финале беше негова прва победа над српскиот тенисер  од мај 2019 година во финалето во Рим. На 34.годишниот Надал сега му недостасува една победа за да стане само четвртиот тенисер во историјата со 1.000 победи во кариерата, по Џими Конорс, Роџер Федерер и Иван Лендл. За Ѓоковиќ, ова беше  втор пораз годинава.

Scroll to Top