Нацева и Кастратовиќ меѓу новите сопственици на Вардар

Откако Михајло Михајловски го презеде и го стабилизира РК Вардар, сега на стабилни нозе треба да застане и поранешниот европски вицешампион, ЖРК Вардар.

„Вардарки“ уште од пред некоја сезона ја загубија поддршката од рускиот бизнисмен. Петкратниот учесник на „фајнал-фор“ турнирот на Лигата на шампиони доби нови пет сопственици, кои ќе треба да се погрижат клубот да не згасне и да продолжи понатаму. Меѓу петте нови сопственици се  и  македонските ракометарки Гордана Нацева и Индира Кастровиќ. Двете ракометарки, заедно со Томе Ивчевски, Татјана Ивчевска и Савица Стојаноски, започнуваат нова приказна во македонскиот женски ракомет.

За тренер на првата екипа на Вардар ќе биде именувана Драгана Ристова, а со ракометарките од младинските категории ќе работи Анжела Платон.

Scroll to Top