Поранешниот младински македонски репрезентативец и фудбалер Никола Секулов (19), пред две години почна да настапва за италијанската репрезентација. Тој денеска доби нов четиригодишен договор со Јувентус до 2025 година.
Секулов е роден во Пјаченца, Италија. Тој се придружи на младинскиот погон на Јувентус во 2016 година откако своите први фудбалски успеси ги забележа во фудбалските клубови Пјаченца, Парма и Про Пјаченца.
Клубот од Торино има голема верба во офазивниот фудбалер штом му го продолжија договорот, но дел беше и очекувано ако се земе предвид дека Секулов има веќе неколку настапи за младинската селекција на Италија, како и во македонската репрезентација.
UFFICIALE #Under23 | Sekulov rinnova fino al 2025 ✍️
Congratulazioni, Nikola ⚪️⚫️ pic.twitter.com/IRiwia50iZ
— JuventusFC Youth (@JuventusFCYouth) October 29, 2021