По повлекувањето на Маленко, Александар Маниќ избран за нов претседател на Пливачката федерација

Александар Маниќ е избран за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија на генералното собрание што се одржа минатиот викенд во Скопје.

Досегашниот прв човек на Федерацијата, Александар Маленко, се повлече од функцијата поради нови работни обврски во Европската пливачка федерација (ЛЕЈ) и тој во иднина ќе биде извршен директор во технички комитет за далечинско пливање.

Генерален секретар на ПФСМ е Владимир Пејковски, а за селектор на репрезентацијата е избран Методија Ангелески.

Маниќ и другите новоизбрани функционери добија честитки од честитки од раководството на Светската пливачка федерација (ФИНА), како и од првите луѓе на ЛЕН.

Scroll to Top