„Пандев може да остане во Џенова до кога сака“- отворена понуда од претседателот на клубот

Претседателот на Џенова,  Емрике Прециози му рекол на  Горан Пандев дека може да остане во клубот до кога сака. Капитенот на Македонија се уште не донел конечна одлука што ќе прави по завршувањето на сезоната. Негова желба е да избори пласман со Македонија на Европското првенство. УЕФА утре ќе ги одреди термините за баражите, Македонија ќе треба да игра со Косово, а доколку забележи победа за пласман на ЕП ќе игра против Грузија или Белорусија.

Според голем број на европски медиуми УЕФА ќе одреди баражите да се играат во октомври.

Ова значи дека Пандев ќе треба да ја продолжи кариерата доколку сака да игра во баражот.

„Го прашав дали сака да игра на ЕП и му кажав дека има отворена понуда да остане во Џенова да игра додека сака тој. Пандев е еден од најсериозните фудбалери што ги познавам, тој има големо влијание врз нашиот тим“, рекол Прециози.

Scroll to Top