„Пежо“ ја прекина соработката со Новак Ѓоковиќ

Автомобилската компанија „Пежо“ ќе го раскине договорот со Новак Ѓоковиќ. Тие соработуваа од 2014 година, а компанијата реши да го повлече спонзорството откако Ѓоковиќ рече дека нема да се вакцинира. Под знак прашалник се и настапите на некои од турнирите.

„Не, нема да го продолжиме спонзорскиот договор со Ѓоковиќ“, рече првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварес.

Јавноста шпекулираше дека големите спонзори ќе го напуштат Ѓоковиќ, откако тој не доби дозвола да настапи на „Австралија опен“. „За потсетување, Пежо“, пред почетокот на турнирот во Дубаи, изјавија дека ќе останат со Ѓоковиќ. Покрај нив, Ѓоковиќ има договори и со „Лакост“ и „Хуболт“.

Scroll to Top