Почина Џузепе Рос, поранешен италијански шампион во бокс

На 80-годишна возраст почина поранешниот боксерскиот шампион Џузепе Бепи Рос, поради омпликации од Ковид-19. Тој го освои бронзениот олимписки медал во Токио во 1964 година, а истата година ја освои својата прва титула на италијански шампион.

Пред шест дена од Ковид почина и неговиот брат Ернесто, поранешен италијански шампион во супервелтер категорија.

Кога учествуваше на Олимписките игри, Џузепе сè уште беше аматер, а следната година стана професионалец. Се потврди како шампион на Италија во тешка категорија во 1970, 1971 и 1972 година. Се пензионираше во 1976 година.

Победи на 42 од 60 меча, од кои 24 со нокаут. Тој беше по потекло од Санта Марија ди Пиаве, а живееше во Сузегана, каде имаше ресторан со својата сопруга Марија. Неколку години се бореше со Алцхајмеровата болест, која го принуди да оди во инвалидска количка, а за која него се грижеше семејството. 

Зад себе ги остави двете ќерки, Мери и Патриша.

Scroll to Top