Легендарниот германски напаѓач на Баерн Минхен, Герд Милер, почна во неделата утрото на 75 годишна возраст. Трагичната вест ја потврдија и од клубот.
„Денеска светот на Баерн Минхен застана. Денеска жалиме за Герд Милер, кој почина во неделата наутро на 75 години. Тој направи историја со Баерн и со германската репрезентација“, се вели во објавата на Баерн Минхен.
Од 2015 година, Милер се бореше со Алцхајмеровата болест, и пред неколку месеци беше потврдено дека му е влошена здравствената состојба.
Тој го доби прекарот „Дер бомбер“, со неговите 566 гола во 607 натпревари за Баерн Минхен од 1964 до 1979 година. Осввои четири титули во Бундеслигата и три европски круни.
За репрезентацијата на Западна Германија постигна 68 гола во 62 настапи. Ја освои и „Златната топка“ во 1970 година, а на Светското првенство во 1974 година постигна четири гола и и помогна на Германија да ја совладаат фаворизираната Холандија во финалето.