Почина поранешниот фудбалер на Работнички, Драгољуб Јеремиќ

На 43 години почина поранешниот фудбалер на Работнички Драгољуб Јеремиќ. Тој последните неколку дена ги поминал во болница, но засега не се познати причините за трагичната смрт.

Јеремиќ за работнички играше во периодот од 2006 до 2008 година, кога клубот беше воден од Трифун Костовски. Тој остави силна трага во тимот. Покрај Работнички, играше и за Партизан каде ја почна кариерата и Бежанија, тимот во која ја заврши.

„Секогаш кога ќе помислиме дека ќе запрат тагите, животот не демантира и ни задава нов удар. Затоа е тешко да пронајдеме зборови со кои ќе се збогуваме од уште еден голем фудбалер на Партизан и поранешен репрезентативец, Драгољуб Јеремиќ. Нека ти е вечна слава“ – се збогуваа и од Партизан на социјалните мрежи, споделувајќи ја тажната вест.

 

Scroll to Top