Правнукот на Бенито Мусолини ќе игра за Лацио

Правнукот на поранешниот италијански премиер и диктатор Бенито Мусолини, Романо Флоријани Мусолини, во наредниот период ќе игра за Лацио. Тој потпиша договор да биде дел од тимот до 19 години, но многумина шпекулираат дека има потенцијал да стане и репрезентативец на Италија.

 

Мусолини потпиша договор со клуб чии навивачи се познати по своите десничарски ставови. Ултрасите на Лацио во минатото беа декларирани како фашисти.

„Романо е скромно момче, не се пожалил за ништо. За презимето никогаш не сме разговарале, единствената негова желба е да игра. Заслужува да добие шанса“, изјави Мауро Бјанкези, кој му е тренер на Романо од младинските категории.

Scroll to Top