Ракометарите ги добија ривалите за пласман на ЕП 2022

Македонија денеска ги дозна противниците за квалификациите за ЕП 2022 во Унгарија и Словачка. Ќе играме во групата 7 заедно со Светскиот шампион Данска и Швајцарија и Финска. На Европското првенство одат првите две селекции од осумте групи и најдобрите четири третопласирани.

“Имаме коректна група. Нормално, можеше да биде и подобро и полошо. Данска е изразит фаворит во групата, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците“, рече селекторот Данило Брестовац после ждрепката .

 

Scroll to Top