Ракометарот Денис Тот бил нападнат од две лица пред да почине

Хрватскиот ракометар Денис Тот, кој попладнево почина на клиниката КАРИЛ во Скопје, вчера изутрината бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“, пренесе „А1он“. Откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф сити“, утврдила што се случувало пред дискотеката по што е отворен предмет во полицијата.

На снимките наводно се гледа дека две лица, дечко и девојка, кои најверојатно биле во дискотеката „Привилиџ“, влегле во такси-возило.

Ракометарот преку прозорецот им кажал нешто и двајцата излегле од возилото и му удриле неколку шлаканици. Тот паднал на земјата, а девојката го удрила неколкупати со нога во главата. Ракометарот не давал отпор, а дечкото и девојката го напуштиле местото на настанот. Брза помош викнала друга девојка, која го видела телото на Тот на асфалтот.

Кога бил донесен во Ургентниот центар, ракометарот немал срцева акција. Докторите еднаш успеале да го реанимираат, но било залудно. Неговото тело е дадено за обдукција во Институтот за судска медицина за да се утврдат причините за смртта.

Почина ракометарот на „Бутел“ Денис Тот

Scroll to Top