Катерина Милеска, тренер на првакот ЖФК Деспина, сè уште актуелна репрезентативка на македонската женска репрезентација и рекордерка по бројот на настапи во женската селекција е именувана за селектор на женската репрезентација до 17 години.
„Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ ‘Повеќе жени, повеќе голови’ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал. Се надевам дека ќе бидам поттик за дополнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови. Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата“, рече Милеска.