Се откажа ракометниот камп на Кире Лазаров

Шестиот интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули, се откажува. Причината е пандемијата на коронавирус.

КМГ Спорт агенција како организатор се надеваше дека состојбата ќе се смири до стартот на кампот, но тоа не се случи.

Капитенот Лазаров кој е идеен творец на кампот и во изминативе пет години постојно беше со децата вели  дека најважно е секогаш е здравјето на децата и дека ќе ги почитуват препораките на надлежните кои забрануваат групирање на повеќе од две лица, па и одржувањето на кампот е невозможно. Оваа година беа пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од 7 до 18 години.

Scroll to Top