Се плашам од смртта, Џанлука Вијали се бори со рак на панкреас

Координаторот на италијанската фудбалска репрезентација и поранешен репрезентативец, Џанлука Вијали (57), пред неколку години дозна дека има рак на панкреас. Иако вели дека е добар тој се уште се бори со ракот. Некогашниот фудбалер во интервју откри дека не е спремен да умре, но од друга страна сака да дознае што се случува по смртта.

„Се плашам од смртта и не знам што се случува од другата страна кога ќе се исклучи светлото. Но на некој начин сум возбуден за да откријам што се случува. Не можам да ги завршам сите работи кои ги сакам, меѓутоа среќен сум што сè уште сум жив“, кажа Вијаливо интервјуто.

Вијали во текот на својата кариера играше за Сампдорија, Јувентус и Челси, а работеше и како тренер.

 

Scroll to Top