Регистрирани се сè поголем број наместени тениски натпревари за време на пандемијата. Ова е наведено во извештајот на ТИУ (тениски единици за интегритет), во кои се откриени 24 натпревари за кои сметаат дека се сомнителни.
Пријавата до ТИУ ја поднесе одборот кој се занимава со обложувања.
Сепак, тоа не значи дека сите споменати натпревари се навистина наместени, но сите ќе поминат низ детален преглед.
„Сомнителното обложување за време на карантинот е потврда дека старите сторители сè уште работат и дека тие најверојатно ќе се посветат дополнително на овој спорт кога професионалниот тенис се враќа во август“, се вели во соопштението на ТИУ.
Сепак, ТИУ ќе пренесе одговорности за овој случај на ИТИА (Меѓународна агенција за интегритет), бидејќи ќе биде независно тело.