По седум часа помина на бензинска пумпа, личниот шофер на Кристијано Роналдо замина без да стави капка бензин во резервоарот за гориво на новиот автомобил на суперѕвездата на Манчестер јунајтед, пишуваат странските медиуми.
Тој пристигнал на бензиската околу 14.20, а си заминал во 19 часот. Друштво на врнежливото време му правел и еден од телохранителите на фудбалерите, кој дошол со џин „Ренџ Ровер“. Но, ситуацијата во Велика Британија е толку лоша, што дури и да пристинела цистерната на бензиската, сепак резервоарот немало да биде полн до врв, бидејќи има ограничување.
Ronaldo’s driver waited 7hrs to fill up £220k Bentley – but left without a drop https://t.co/jOyCkVorau
— Irish Sun Sport (@IrishSunSport) September 30, 2021
За потсетување, Велика Британија моментално се соочува со еден од најголемите кризи, откако поради недостаток на возачи, дојде до прекин во снабдувањето со гориво. Ова доведе до огромни редици за чекање, а тамошната Влада одлучи да ја вклучи и армијата во испораката на гориво до бензинските пумпи низ целата земја. Околу 200 војници, од кои 100 се возачи, ќе обезбедат привремена поддршка со цел да се намали притисокот на возачите врз бензинските пумпи.
Фудбалерот ја надополни својата богата колекција автомобили со најновиот „Бентли флајинг спур“ вреден околу 300 илјади евра, додека негов најскап автомобил е Бугати Чентодиечи, вреден 8,5 милиони фунти, а има само десет такви примероци во светот.