Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е нов играч на Динамо Загреб. Тој повторно се врати во Хрватска, од каде пред три години замина во Португалија. Ристовски потпиша двегодишен договор и му се придружи на соиграчот во репрезентацијата Аријан Адеми.
Transfermarkt пренесува дека Ристовски потпишал договор вреден 3 милиони долари. Тој претходно играше за тимот на Лисабон и не беше задоволен од тамошната атмосфера. Имаше мал број настапи и постојани кавги со тренерот.
Од Лисабон сакаа да го продадат, а прво стигна понуда од руски клуб која Стефан не ја прифати. За казна Ристовски беше префрлен во вториот тим на Лисабон.
Пред да замине за Спортинг во 2017 година Ристовски две сезони настапуваше во хрватската лига, за тимот на Ријека со која освои трофеи во лигата и купот. За потсетување, Ристовски кариерата ја почна во редовите на скопски Вардар од каде направи трансфер во Парма.
Во Италија играше уште и за Кротоне, Фрозиноне, Бари, Латина и Специја пред да замине во Ријека. За Македонија има 60 пати настапено и постигнато два гола.
Првото интервју на Стефан како играч на Динамо: