Фудбалерката Наташа Андонова постигна убав погодок за Македонија на гости кај Летонија, во квалификациите за Светското првенство. Таа даде гол од корнер за победа на Македонија од 4:1.
Наташа потсети на голот кој го даде Артим Шакири за Македонија против Англија во 2002 година.
За потсетување, во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври против Луксембург.
Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство