(Видео) Боксер заврши во затвор, затоа што го излажал судијата дека банкротирал

Големата боксерска ѕвезда Адријан Брунер заврши зад решетки затоа што ја излажал судијката дека банкротирал. Поранешниот светски шампион во четири тешки категории заврши во затвор поради непочитувањето на судот во Кливленд.

Тој бил обвинет дека во еден ноќен клуб физички нападнал една жена. Осуден е на две години условна казна, а по приватната тужба на жртвата, тој морал да плати и отштета од 830.000 долари.

Иако пресудата е донесена уште во декември минатата година, боксерот сè уште ја нема платено паричната казна, тврдејќи дека во меѓувреме банкротирал. Сепак, Адријан поради една неумесна објава на „Инстаграм“, заврши зад решетки.

 

View this post on Instagram

 

I will bet my last dollar on my baby brotha @brytx2 happy birthday nigga ….. #GiveAnother100,000😂😂😂😂#SameThang🆎

A post shared by Adrien AB Broner (@adrienbroner) on

Тој минатиот месец пред судот докажувал дека сметката му е празна и дека на неа има само 13 долари. Но, тој пред неколку дена на „Инстаграм“ објавил снимка од својот дом со голема сума  пари. Снимката ја видела судијката Ненси Руси, која веднаш побарала објаснување.

„Имам богати пријатели кои се грижат за мене. Парите кои ги видовте на масата ми ги испратија тие. Јас имам големо срце. Можам тоа да ви го докажам. Кога имам пари, сите ми бараат и јас им давам. Сега тие знаат дека сум во проблеми и ми подаруваат кога ќе им побарам. Тоа се моите пријатели“, изјавил Адријан.

Судијката не била задоволна од одговорот, па боксерот го испратила во притвор. Тој побарал да се одложи плаќањето на казната до јануари, затоа што тврдел дека има меч кој му бил договорен и кој ќе му донел голема сума пари.

 

 

Scroll to Top