(Видео) Динамо Загреб го елиминира Тотенхем на Мурињо од Лига Европа

Фудбалерите на Динамо од Загреб успеаа да изборат пласман во четврт-финалето во Лига Европа откако беа подобри во двомечот против тимот на англискиот претставник Тотенхем.

Првиот натпревар во Лондон заврши со победа на тимот на Жозе Мурињо од 2:0. Но, во реваншот, фудбалерот на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, успеа да ја надомести разликата. Третиот негов погодок во продолжението беше доволен за успех и понатамошен пласман.

За потсетување, победата на Динамо Загреб се случи само неколку дена откако тимот остана без својот стандарден тренер Зоран Мамиќ, кој беше осуден за перење пари и ќе мора да помине неколку години во затвор.

Место во четврт-финалето претходно обезбедија и тимовите на Арсенал, Гранада и Рома.

Scroll to Top