Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, вчера продолжи со одличната форма и му донесе на својот тим Наполи важна победа против Парма во италијанското фудбалско првенство.
„Наполитанците“ славеа со 2:0, а Елмас беше стрелец на првиот погодок во 32. минута.
Тргнувајќи од средината на теренот, тој самиот успеа да ја надмудри целата одбрана на противникот и на крајот да го матира голманот на Парма, Сепе. Ова е за него втор погодок оваа година откако пред три дена беше стрелец и во мечот против Специја.