Миранда Адкинс синоќа го доживеа најбрзиот нокаут во овој спорт. Таа влезе во историјата откако беше совладана од 28 годишната Американка, Сениса Естрада, за само седум секунди.
Естрада по нокаутот доби надимак „супер лоша“. Таа откако се огласи ѕвончето за старт, го нападна противникот и по четири директни удари во главата, успеа да го нокаутира.
По ударите Адкинс изгуби свест.
Естрада е привремен шампион според ВБА верзијата во категоријата „мува“ и ВБЦ (сребрена) верзија во јуниорска „мува“ и ова беше нејзината 19-та победа од ист број натпревари.
Адкинс го доживеа својот прв пораз во шестата борба во кариерата.
🚨 RECORD BREAKING 🚨 @SeniesaSuperbad 7 second KO! 💥
@dazn_usa! #OrtizVargas pic.twitter.com/VrropY87FY
— Golden Boy (@GoldenBoyBoxing) July 25, 2020