Португалскиот фудбалерот Кристијано Роналдо ја осветли највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, со ликот на неговата свршеница Георгина за да ѝ го честита 28. роденден.
Георгина роденденот го славеше во Дубаи со Кристијано и нивните деца, но, според реакцијата на видеото што го објави Роналдо, не очекуваше ваков подарок.
„Вака завршува еден преинтересен ден, немам зборови. Благодарам, благодарам и благодарам, Кристијано. Не можеше да ме направиш посреќна од ова“, напиша Георгина.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram