Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, го стана фудбалерот Ерик Даер од тоалет за да го внесе во игра. Најлудата сцена во фудбалот се случи на натпреварот меѓу Тотенхем и Чекзи во Лига-купот, пишуваат англиските медиуми.
Мурињо побара од Даер да ја заврши побргу работа затоа што ги потрошил сите измени и дека му е потребен на теренот.
Даер, по интервенцијата на Мурињо, се врати на теренот и успеа да биде стрелец во пенал-серијата. На крајот ја доби и наградата за најдобар играч на натпреварот.
Тотенхем го елиминира Челси по подоброто изведување пенали во шестнаесетфиналето во Лига-купот, 5:4., откако средбата претходно заврши со 1:1.
Mourinho went to call Dier back from the toilet 😭😭 pic.twitter.com/xw0nTJmyeP
— ⭕️ (@EIemten) September 29, 2020