(Видео) Навиавч влезе на теренот и го украде шоуто на Меси и Барселона

На натпреварот меѓу Мајорка и Барселона дојде до краток прекин, откако еден фан истрча на теренот. На стадионот немаше навивачи, но малиот број на луѓе од членовите на клубовите, можеа да присуствуваат на натпреварот. И покрај тоа, се случи инцидент.

На почетокот на натпреварот на сите фудбалери им беше проверена температурата. Беа испочитувани сите протоколи за да се одржи натпреварот на едно високо ниво.

Но, и покрај големиот број протоколи, еден фан успеа да ги надмудри организаторите и да се најде на теренот меѓу фудбалерите.

Тој со аргентиски дрес на себе, успеа дури и да се слика со еден од фудбалерите. Овој настан беше главна тема во шпанските медиуми. Инаку Барселона беше убедлива на овој дуел и по тримесечна пауза поради коронавирусот, успеа да ја совлада Мајорка со 4:0.

 

Scroll to Top