Најбрзиот човек на сите времиња, Јусеин Болт, е позитивен на коронавирус, пишуваат светските медиуми. Тој се заразил на забавата на која бил и напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.
Двајцата заедно со другите гости не носеле маски, а не се почитувало ниту растојанието. Прославата се организирала на Јамајка, во тамошното радио Nationwide90fm.
Веднаш откако ги дознал резултатите, Болт се повлекол во самоизолација. Сцените од роденденската прослава биле објавени на социјалните мрежи.
Usain Bolt’s bday party. No social distance, NO masks! 😳😠 pic.twitter.com/ogqUvk1i9r
— Verna Reid (@verna_reid) August 23, 2020
Фудбалската сезона во Англија почнува на 12 септември, а сè уште не е познато дали и Стерлинг е заразен и дали ќе може нормално да ги почне подготовките за сезоната 2020/21.
Болт засега се нема огласено за тоа дали е асимптоматичен или дали чувствува какви било тегоби. Државата Јамајка бележи 1.529 заразени и 16 смртни случаи за време на пандемијата со коронавирусот.