Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ вчера беше во центарот на вниманието на мечот против Косово. Тој со двете асистенции придонесе за двата гола и победата на неговиот тим од 3:0. Особено интересна беше неговата прва асистенција.
Тој со акробација во карате-стил го надитри голманот Ујкани, а потоа успешно му асистира на Аугустинсон. Ибрахимовиќ ја почна и акцијата за вториот погодок на Швеѓаните, а за конечните 3:0 се погрижи Ларсон од пенал.