Наскоро се очекува да излезе новиот документарец за седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, во која ќе се открие за неговата здравствена состојба.
Германецот пред седум години доживеа страшна несреќа за време на скијање, на француските Алпи. Јавноста долго време не знаеше за него ништо, освен дека е во кома. Информациите во најголем дел доаѓаа од неговата сопруга и потесното семејство.
Сега двајцата германски креатори на документарниот филм, Михаел Вех и Ханс Бруно Камертонс, ќе откријат неколку детали во врска со неговата состојба. Веста е потврдена и од семејството на Шумахер, кои ќе им дадат на режисерите и фотографии и видеа од последните 7 години.
Во документарниот филм насловен само како „Шумахер“ ќе зборува и сопругата на Михаел, Корина, татко му Ролф, неговата ќерка Џина – Мариа и син му Мик.