Зоран Мамиќ е осуден на четири години и осум месеци во затвор, а брат му Златко на шест и пол години. Врховниот суд денеска ја потврди пресудата, а Златко, иако на почетокот рече дека не се чувствува виновен, изјави дека ќе ја почитува судската одлука, без разлика на исходот.
„Иако не чувствувам вина, како што веќе кажав, ако пресудата биде правосилна, јас ја прифаќам како таква и поднесувам оставка од местото главен тренер и спортски директор на ‘Динамо’. На клубот му посакувам многу среќа и спортски успеси во понатамошната работа“, изјави Мамиќ.
Оставката на Зоран се случи пред реваншот на „Динамо Загреб“ со „Тотенхем“. Управата ја прифати, а сега клубот ќе го води неговиот досегашен помошник, Дамир Крзнар. Тој го водеше клубот и во 2015 година додека Мамиќ беше во притвор.
За потсетување, Здравко Мамиќ, кој беше прв човек на „Динамо Загреб“, уште пред три години ја напушти Хрватска и избега во БиХ.