Познатата убавица Скарлет Јохансон присуствуваше на јубилејното шоу „Saturday Night Live“ (SNL) во Њујорк.
СНЛ прослави 50-годишнина, а по тој повод организираше специјална епизода.
На овој настан присуствуваа многу познати ѕвезди, а актерката Скарлет Јохансон не ја пропушти можноста да дојде.
Убавицата која ретко се појавува на големите настани, реши овојпат да го покаже своето лице во Њујорк и во придружба на сопругот Колин Џост ги воодушеви сите на црвениот тепих.
Скарлет носеше црн фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело, а впечатливо беше деколтето од сребрени монистра.
Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во земјени тонови, а косата ја обликуваше на наједноставен можен начин – избра висока пунџа.