Луѓето ја исмејуваат Кејт Бекинсејл за фустанот на црвениот тепих

Актерката Кејт Бекинсејл се појави на настанот Power of Women на Variety. Таа на црвениот тепих прошета во необичен фустан кој брзо стана цел на потсмев на интернет.

Фустанот го дизајнираше Кристијан Сириано, кој на својот Инстаграм профил се пофали со фотографии од актерката. „Балерина шик со оваа убавица. Малку гламур“, напиша тој, но неговите следбеници беа немилосрдни кон Кејт. Многумина напишаа дека фустанот ги потсетува на тестиси.

„Тоа се тестиси. Тестиси“, „Дали фустанот те потсетува на нешто?“, „Ова личи на пенис и тестиси“, „Се што гледам овде се тестиси“, коментираат луѓето.

Многумина коментираа дека Кејт премногу ослабела и дека не изгледа здраво. „Што и се случи?“, „Шокирана сум и загрижена за неа“, „Не ја препознав, некој да и даде сендвич“, „Се надевам дека е добро“, напишале обожавателите на актерката.

Scroll to Top