Кратките бермуди кои војвотката Меган Маркл ги носи во Њујорк станаа хит помеѓу жените. Иако важат за парче облека кое тешко се комбинира,според, модните критичари Меган успеала во тоа.
Таа носи темносини бермуди, кои ги споила со бела откопчана кошула. Кашиот, чантата и потпетиците се во кафена боја која го надополнува нејзиниот деловен стил.
Бермудите ова лето се голем моден хит ако добро се искомбинираат.
Меган Маркл имаше посебен состанок за време на нејзината посета на Њујорк, со пријателката и политичка активистка Глорија Стајнем.
Меган го започна денот во ОН, каде го поддржа нејзиниот сопруг принцот Хари додека тој одржа трогателно обраќање во чест на Денот на Нелсон Мендела.
Минатиот месец војвотката од Сасекс и Стајнем ги здружија силите по одлуката на Врховниот суд да го елиминира уставното право на абортус во прилог за Вог, каде што и двете зборуваа за важноста на женското здравје.