Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка

Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо фотографии на кои актерката е сликана опуштена.

Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на нејзината колешка Полин Давила.

Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.

Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард принт во кој го истакна деколтето, а аутфитот го комплетираше со бела чанта, патики и природна шминка.

Scroll to Top