Женствени креации и сафари-стил во новата колекција на Тања Кокев

Модната дизајнерка Тања Кокев ја претстави својата нова колекција за лето 2022 „Пустинска роза“. На ревијата ја промовираше и новата линија чевли на брендот.

Во колекцијата доминираат природни материјали, со комбинација на живи бои и смирени тонови. Моделите се во сафари стил, со животински принтови, а во фокусот се женствени минималистички силуети на брендот. Таа и овој пат им дава живост во креациите, со доза на елеганција и чисти форми.

„Идејата на колекцијата е да нè однесе преку креациите во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо“, вели Кокев за новите модели.

Ревијата на Кокев беше изведена како претстава. Режијата е на Дејан Пројковски, сценографијата на Искра Јанковска-Михајловска, по кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил.

 

Scroll to Top