Брза пита со млад кромид

Потребни состојки:

4 јајца
1 лажиче сол
малку бибер
100мл масло
200мл јогурт
8 лажици брашно
1 лажиче пециво
1 грст исчистен, сечкан магдонос
4 млади кромитчиња
10-15 сечкани зелени маслинки
200гр сирење ситно дробено

Начин на подготовка:

Во два сада поделете ги белките од жолчките. Во посебен сад ставете ги магдоносот, маслинките, кромидот, сирењето. Изматете ги белките во цврста смеса, па додајте сол и бибер. Потоа додајте ги маслото и јогуртот. Промешајте, па додадете ги зеленчукот и сирењето. На крајот додадете просеано брашно и пециво.

Истурете ја смесата во мала тава, претходно подмачкана. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минити. Пресечете ја питата на коцки и послужете ја.

Scroll to Top