Чарли Шин горд на себе, актерот останал трезен цела година

Холивудскиот актер Чарли Шин вели дека е горд на себе што успеал повеќе од една година да остане трезен. Шин откри дека некое време не бил во состојба да се грижи за сопствените деца, нешто што го поттикнало да престане да пие алкохол. Вели дека често бил опседнат со демени кога ќе земел некоја чашка повеќе.

„Беше страшно. Не можам да ве лажам. Некои ситуации денес ми се чинат нереални“, изјавил актерот пред новинарите гледајќи ги снимките од некои јавни инциденти и скандали кои ги предизвикал.

„Денес не сум сигурен како успеав да предизвикам толкав хаос. Нешто чудно се случуваше, во мене имаше некој странец или како да бев опседнат со демон“, вели Чарли.

Шин е познат по бројните испади во јавноста и борбата со зависноста, но деновиве актерот покажа дека може да биде грижлив татко кој сака да го минува времето со неговата ќерка Сем, за која вели дека до неодамна не бил во состојба да се грижи.

53 годишниот актер викендов бил виден со Сем и нејзините пријатели на музичкиот фестивал Коачела во Калифорнија. Шин бил добро расположен за време на програмата на фестивалот. Сем е неговата ќерка која ја добил со поранешната сопруга и актерка Дениз Ричардс.

 

 

Scroll to Top