Ештон Качер на големи маки откако јавно го објавил телефонскиот број

Актерот Ештон Качер има големи проблеми откако јавно на својот профил на Твитер го споделил бројот од својот приватен мобилен телефон.

Актерот вели дека се одлучил на ваков потег затоа што му недостасувала врската со заедницата и обичните луѓе, но сега има големи проблеми за да им врати на сите.

Ваквиот потег истовремено ги збунил, но и воодушевил фановите. Веднаш по објавата, настанала голема навала од обожавателите кои веднаш се обиделе да стапат во контакт со Качер.

Ештон вели дека немал друг избор, освен на сите да им испрати автоматска порака.

„Еј, овде Ештон. Ова е автоматска порака со известсување дека сум ја примил твојата порака. Сите останати пораки ќе бидат испратени од мене. Кликни на линкот ѝ додади се во мојот именик за да можам да ти одговорам“, напишал Ештон во пораката.

„Дефинитивно нема да бидам во можност да одговорам на сите ваши прашања, но ми е драго што се слушаме“, им испратил Ештон уште една порака, а потоа им одговарал на првите прашања на оние на кои можел.

Многу фанови помислија дека е во прашање некаква замка бидејќи Ештон без проблем го оставил бројот од мобилниот телефон на социјалните мрежи, каде го следат повеќе од 18 милиони луѓе.

 

Scroll to Top