Откако во јавноста го објави својот нов албум – „Овај свет се мења“, Бајага издава и сликовница.
Замислена како едукативна игра, „Бројалица“ ќе им помогне на децата преку забава да научат да бројат до десет, додека преку визуелна стимулација ќе развијат техники на меморија.
Сликовницата е создадена врз основа на истоимената позната песна, која Бајага ја напиша за детскиот хор „Колибри“, а која многумина веќе ја слушнаа и ја пееја.
Сликовницата „Бројалица“ е всушност едукативна игра, со која детето од рана возраст, читајќи стих по стих, ќе научи да брои до десет на забавен и едноставен начин. Нешто слично како во 80-тите, кога „Леб и сол“ со „А, Б, В“, за серијалот „Бушава азбука“ ги научија децата да ја пејат азбуката.
Бајага неодамна имаше концерт во Скопје, на стадионот на АРМ, по повод 35 години музичка кариера.