(Фото) По обвинувањето за силување, полицијата во Лос Анџелес го пребара домот на Мерилин Мансон

По обвинувањата за силување, полицијата во Лос Анџелес го пребарала домот на познатиот музичар Мерилин Менсон. Истражителите ја пребарале темелно неговата вила во Западен Холивуд, пренесува „Њујорк пост“.

Менсон во тоа време не бил дома, а налогот за претрес го добила полицијата на Лос Анџелес. Според извештајот, полициските службеници ги земале сите технолошки апарати кои би можеле да претставуваат некаков доказ.

Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес рече дека е запозната со извештајот за претрес, но, не сакала да открива никакви детали.

За потсетување, во јавноста неодамна се откри дека Менсон купил стан од Ролинг Стоне, во кој имало вградена стакнлена изолирана соба, која била наменета за електронска музика. Наводно Менсон во неа силувал девојки.

Досега 15 девојки го обвинија за сексуално и физичко злоставување, а една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган и јавно излезе со обвинувањата и го тужи за сексуално злоставување и тежок облик на одземање на слободата на движење.

„Тој прво собата ја опиша како многу кул, а подоцна како место исклучително за казнување на луѓе. Прво се боревме, но, потоа тој уживаше во тоа. Научив да не се борам за да не му дозволам да ужива во тоа. Само ќе отпловев со мислите. Но, кога ќе почнев да викам, никој не можеше да ме слушне“, рече Ешли.

Некои извори блиски до пејачот, рекоа дека Менсон собата ја нарекол соба за злобни девојки. Тие велат дека собата му бил толку темна и полна со црн мебел и порнографски фотографии на ѕидовите, а имало и свастика. Исто така температурата ја држел на многу ниско ниво.

Една од неговите поранешни девојки дури ја нарекла како црн фрижидер. Поранешниот асистент на Менсон тврди дека таквата соба постои, но, дека тој никогаш не носел и не заклучувал никого внатре. Пејачот исто така ги отфрли сите обвинувања и тврди дека неговите сексуални односи било исклучиво на доброволна основа.

Scroll to Top