Кендал Џенер сакала да ја избричи главата

By

Светскиот модел Кендал Џенер во неодамнешно интервју за магазинот E, изјавила дека размислува целосно да си ја ишиша косата. Најплатената манекенка вели дека единственото нешто кое ја одвратила од ваквата идеја е нејзината мајка Крис. Таа вели дека ако ја ишишала косата, многу ќе личела на нејзината мајка.

dobivaj vesti na viber

„Не беше во прашање храброст, туку фактот дека ако ја скратам косата, многу ќе личам на мојата мајка Крис. Досега многупати на сетот сум носела кратки перики кои потсетуваат на фризурата на мојата мајка. Сличноста беше преголема. Буквално изгледав како мини Крис со таква коса“, изјавила Џенер.

Не е тајна дека сите дами во семејството Кардашијан си личат една со друга, а ќерката која најмногу ја споредуваат со Крис, е Ким. На почетокот на годината, Крис носела шишки, со кои многу потсетувала на својата ќерка.

;

Ќе ви се допадне